Пробајте го овој вкусен антибактериски напиток

Борбата против вирусите и бактериите ќе биде полесна со напиток направен од зелка, грозје, лимон и корен од копар.

0
231

Сокот од црвена зелка, корен од копар, грозје и лимон штити од воспаленија, па и борбата против вирусите и бактериите ќе биде полесна доколку си го направите овој напиток.

Состојки:

четвртина од мала црвена зелка
еден мал корен од копар
200 г црно или црвено грозје
еден лимон за послужување

Приготвување:

Извадете го коренот од црвената зелка, и исечете ги листовите попречно на поголеми парчиња. Ставете ги во соковник. Исечете го коренот од копар на четвртини, додадете го во сокот од зелка, а потоа додадете го и грозјето.
На крај, додадете сок од лимон по вкус. Добро промешајте и ставете во чаша.

Фото: Pixabay