Иако многу фактори влијаат на имунитетот, храната е една од основните. Покрај здравата исхрана богата со протеини, витамини, минерали и добри масти, едноставен начин за да го одржите имунитетот се напитоците од овошје и зеленчук.
Најбрзиот и најлесен начин да го нахраните вашето тело со есенцијалните витамини и минерали е сокот за имунитет. Еве неколку рецепти за мултивитамински бомби кои ќе го зајакнат вашиот имунитет веднаш!
Сок од домати и морков
Ова е еден од најдобрите рецепти за зајакнување на имунолошкиот систем, бидејќи во него во голема мерка се содржат антиоксиданти, витамин Ц и витамин А.
Витаминот Ц помага да се создаде колаген што ја зачувува цврстината на кожата и спречува влегување на патогени предизвикувачи на болеста. Исто така, помага да се создадат бели крвни клетки кои ги убиваат предизвикувачите на болести. Витаминот А штити од инфекции.
Потребни состојки:
1 домат со средна големина
1 портокал со средна големина
1 јаболко со средна големина
4 големи моркови
Приготвување:
Исцедете ги сите состојки во соковникот ако сакате сок или во блендер, ако сакате смуди. Додадете малку вода ако сакате.
Прочитајте како се приготвува златно млеко од куркума
Сок од ѓумбир и лук
Магичните состојки на ѓумбирот и лукот се познати како одлични борци против инфекции.
Лукот содржи фитонутриент алицин кој е вклучен во одржувањето на кардиоваскуларното здравје. Го намалува крвниот притисок и го регулира нивото на холестерол во крвта. Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата и со тоа обезбедува доволно кислород и ги елиминира токсините.
Покрај тоа, овие две супстанции имаат антимикробни, антиинфламаторни и антиалергиски својства.
Потребни состојки:
2 помали цвекла
1 јаболко со средна големина
1 портокал со средна големина
2 чешниња од лук
корен од ѓумбир
Приготвување:
Исцедете ги сите состојки во соковник. Доколку сакате, додадете малку вода.
Чај од маточина – еликсир на животот
Маточината е билка со пријатен, освежувачки вкус сличен на лимон. Оваа билка целосно го обновува организмот, го зајакнува имунитетот, се користи како лек за многу инфекции и штити од вируси. Велат дека пиењето чај од маточина секој ден ја враќа младоста, го оживува мозокот и ја елиминира депресијата.
Едноставно една лажица исушени ливчиња од маточина прелијте со два децилитри зовриена вода. Оставете го да отстои неколку минути, а потоа уживајте во неговата арома и вкус.
Зелен сок за имунитет
Сокот од зелен зеленчук е извор на хранливи материи што гарантираат силен имунитет. Овој зелен сок за имунитет содржи околу 156 калории, 20 грама шеќер, 212% од потребната дневна доза на витамин А, 202% од потребната доза на витамин Ц, 19% од потребната количина на калциум и 13% железо.
Потребни состојки:
2 средни стапчиња целер
4 листа од зелена салата
2 листа од кељ
1 чаша спанаќ
1 зелено јаболко со средна големина
1 краставица со средна големина
½ половина од излупен лимон
1 четвртина ѓумбир
Вметнете и една рака магдонос за дополнителна доза на витамин Б6. Овој витамин игра важна улога во зголемувањето на бројот на имунитетните клетки и производство на антитела.
Приготвување:
Исцедете ги сите состојки во соковник или во блендер.
Фото: Pixabey