Таанот го алкализира организмот и е одличен избор за поздраво срце и крвни садови, кожа, зглобови и мускули. Ја помага работата на мозокот и го штити организмот од стареење.
Ѓумбирот е природен сојузник на варењето и сила на организмот при инфекции и им дава на јадењата специфична, зачинета луткаста нота што многумина ја сакаат.
А медот – за него не е потребно да се каже ништо освен дека е природна супернамирница во која генерациите уживаат веќе со милениуми.
Уживајте во комбинацијата на овие состојки во едноставен прелив за салата за кој се потребни 5 минути.
Прелив од таан, мед и ѓумбир
Состојки:
2 лажици таан
1/2 -1 лажица мед
прстофат свежо рендан ѓумбир
2 лажици вода
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во мал сад и убаво измешајте ги.
Прилагодете го соодносот на слатко и луто по желба и со преливот зачинете ја својата омилена салата.
Ако немате таан, можете да го направите и сами.
Подготовка на таан:
За таан ви требаат маслиново масло и семе од сусам.
Во тава испржете 200 грама семе од сусам, постојано мешајќи 10 минути, а потоа смелете го во блендер со 2-3 лажици маслиново масло.
По желба, можете да додадете 1-2 лажици сок од лимон и морска сол.
Сировиот таан содржи повеќе хранливи материи и се прави на ист начин, но без пржење на семето од сусам.
Уживајте во одличниот вкус на овој ароматичен прелив.
Фото: Unsplash