Предности и недостатоци од користењето на кисела зелка во секојдневната исхрана

Навистина е тешко човек да се откаже од оваа салата од кисела зелка и црвен пипер. Тука ги наведуваме сите придобивки од консумирањето кисела зелка, но и неколку маани поради кои препорачуваме само да бидете внимателни и да не претерувате

0
416

Киселата зелка е храна без која ретко кој може да ја замисли зимата. Иако е ризница на многу корисни материи, сепак има и некои недостатоци.

Кои се мааните на киселата зелка?

1. Голема количина сол

За киселата зелка се користи голема количина на сол, што не е здраво, особено затоа што после јаењето се пие и голема количина на вода.

Кога се внесува голема количина сол во телото, може да дојде до зголемување на крвниот притисок, солта во организмот станува товар за бубрезите и се таложи во зглобовите и крвните садови.

2. Собирање на течности во организмот

Поради солта, вишокот на течност се задржува и тешко се исфрла, а односот на калиум и натриум се нарушува, па тоа влијае на грчење на мускулите, особено околу вратот и ‘рбетот, вели познатиот натуролог Георгиј Назаров.

Во ваков случај киселата зелка треба целосно да се отстрани од исхраната.

3. Нерамнотежа на калиум и натриум

Немир во рацете и нозете често се јавува како последица од нерамнотежа на калиум и натриум, што е последица од внесување премногу сол. Се повеќе истражувања укажуваат на поврзаноста помеѓу употребата на сол во исхраната и појавата на некои видови на рак.

Солта од киселата зелка не се отстранува целосно дури и со миење на лисјата пред употреба. Значи, со киселата зелка, која е несомнено и многу корисна, сепак треба да бидете внимателни токму поради солта.

Ако страдате од висок крвен притисок, можете да консумирате свежа зелка, која е достапна во продавниците дури и во најстудените месеци.

Предности на киселата зелка

1. Богата е со хранливи материи

Свежата зелка е богата со хранливи материи: калиум, калциум, железо, магнезиум, сулфур, бакар, мали количини на натриум, а поволниот однос на калциум и фосфор обезбедува максимално искористување на калциумот во организмот. Киселата зелка ги подобрува неговите хранливи и лековити својства.

2. Содржи корисни витамини

Преку процесот на закиселување се создава исклучително активен кобаламин (витамин Б12), кој обично се наоѓа во храната од животинско потекло. Затоа киселата зелка е неопходна храна за вегетаријанците.
Зелката содржи пантотенска киселина (витамин Б5) потребна за клеточна енергија и здрава коса.
Киселата зелка содржи фолна киселина и витамини А и Д.

3. Содржи голема количина на витамин Ц.

Години на истражување потврдуваат дека киселата зелка може слободно да се мери со лимоните, портокалите и пиперката во однос на содржината на витамин Ц.

4. Сокот од кисела зелка – расолот – е лек

Расолот (сок од кисела зелка) е многу лековит пијалок, а најпознат е како домашен лек против мамурлак, богат со витамини Ц, Е, К и Б, како и витамин „У“.

Расолот е познат и како лек за сите заболувања на органите за варење и чиреви на желудникот и дванаесетпалачното црево, но и како народен лек за намалување на отоците во зглобовите!

Мешан со сок од морков и репка, тој е одличен пијалок за луѓе кои имаат недостаток на калциум или за фрактури на коските. Се препорачува за жени на средна возраст со цел да се запре процесот на остеопороза.

5. Лековито дејство на киселата зелка

Киселата зелка го освежува духот и делува на доброто расположение, го прави организмот отпорен на стрес, го активира метаболизмот во мозокот и нервите, ја поттикнува размената на железо во крвта, помага во создавање на црвени крвни клетки и ја стимулира функцијата на клетките, помага во градењето на коските, регулира и ја намалува масната супстанција и холестеролот во крвта, има корисен ефект против некои видови на рак.

Поради зајакнување на имунитетот, киселата зелка е особено препорачлива за стари лица, лица со ослабен имунитет и деца.

6. Има пробиотички својства

Она што ја прави киселата зелка различна од сировата зелка, се пробиотичките бактерии. Киселата зелка е оригинална ферментирана храна богата со пробиотски култури. Затоа е многу важна во третманот на болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора, особено по антибиотска терапија или хемотерапија. Има корисен ефект врз желудникот и цревата, на нивната микрофлора. На овој начин ја чисти крвта, го забавува стареењето и ја зајакнува отпорноста.

По сите овие факти, одлучете сами дали ќе продолжите да консумирате кисела зелка или пак ќе уживате во нејзината свежа форма.