Првоаприлски роденден во време на корона

Четириесетиот роденден го прославил со 60 гости во својот ресторан „Естел“ во скопско Дебар Маало, следните два нешто поскромно, со семејството и пријателите, а 43-тиот – во време на корона, во група не поголема од петмина

0
563

Шеф Зоран Мајновски ни испрати фотографија од својата роденденска првоаприлска торта – за 43-тиот роденден.

И како да не е довопно необичен датумот на кој е роден, годинава го прославува во уште понеобични околности – во време на пандемија со коронавирус. Се разбира, во согласност со правилата, во група не поголема од петмина.

Тој, неговата сопруга Габи, близнаците Марко и Мартин и Дамјан, син на сестрата на неговата сопруга кои живеат во истата зграда, па го примиле на роденденот како претставник на семејството.

Иако во сосема поинакви услови, вели, и на овој роденден му било прекрасно со неговите најмили, на кои им подготвил роденденски ручек, а и тортата си ја направил сам, со она што го нашол дома. Иако, искрен е, сѐ почнало со јаготките кои случајно ги нашол по евтина цена во блискиот маркет. Другото било чиста импровизација. Пишкоти, со крем од чоколадо, банани и јагоди прелиени со желатин од шумско овошје.

На 14.април следуваат родендените на Марко и Мартин, а на 29.овој месец и на Дамјан.

„Ме чекаат два родендени за тројцата момци па со оглед на тоа што ситуацијава очигледно ќе потрае, јас ќе продолжам да експериментирам и да си правам торти. Којзнае, можеби еден ден „Естел“ ќе стане слаткарница или барем ќе добие на менито наши оригинални десерти“, се смее шеф Зоки.