Прва американска држава во која граѓаните се законски обврзани да компостираат

Жителите на Вермонт повеќе нема да можат да фрлаат храна во кантите за ѓубре, туку ќе мораат да ја компостираат во своите дворови или да ја носат во професинални компости

0
432

Според новиот закон кој стапи во сила на почетокот на овој месец, од жителите на американската држава Вермонт сега се бара да ја компостираат храната што повеќе не е за употреба во своите дворови или да ја оставаат во професионални компости.

Додека другите држави презедоа некои чекори за борба против отпадот, особено на деловно ниво, Вермонт е првата американска држава што го регулира отпадот на храна со закон.
Оваа политика е амбициозна, но властите во Вермонт веруваат дека државата мора да стори нешто за да пренасочи 50 проценти од отпадот од депониите на компостирање или рециклирање.
Таа цел трае повеќе од една деценија, вели Џош Кели, шеф на управување со материјали во Агенцијата за природни ресурси во Вермонт.

„Единствениот начин на кој навистина можете да го намалите отпадот е да се фокусирате на прашањето за отпадот од храна“, вели тој.
20 проценти од вкупниот отпад е – ХРАНА
На секои пет години, властите во Вермонт организираат копање ѓубре за да видат што фрлаат граѓаните и тоа што постојано откриваат е фактот дека 20 проценти од отпадот е храна.
Исто така, се покажа дека отпадот од храна е значаен извор на метан, гасови со ефект на стаклена градина, кој е 25 пати посилен од јаглерод диоксидот кога станува збор за загревање на Земјата.
Според студијата на Универзитетот во Вермонт, и пред да стапи во сила забраната, дури 72 проценти од популацијата во Вермонт компостирале дома.

„Приказната за Вермонт покажува дека ние работевме на компостирање и намалување на отпадот од храна скоро една деценија, дури и пред да стапи во сила законот“, вели Кели.
Како што се наведува, оваа држава инвестирала во инфраструктура што го олеснува компостирањето на граѓаните. Издвоени се грантови од околу 970,000 американски долари за набавка на опрема за компостирање или проширување на услугите за собирање отпад.
Вермонт има и јавни и приватни капацитети за компостирање. И, дури и ако не секоја област е опфатена со опрема, Кели вели дека има повеќе од 100 станици за фрлање отпад од храна во компост и дека речиси секој град ги има.

Фото: Pixabay