Праски за плодност, против рак и за намалување на притисокот

Научните истражувања покажуваат дека праската може да ја зголеми плодноста кај мажите, да го намали крвниот притисок, да спречи појава и понатамошна прогресија на рак. Благодарение на витаминот Б2, корисни се за зачувување на видот и младешкиот изглед, но и за правилен раст и развој на децата.

0
252

Праската е многу вкусно и корисно овошје, богато со витамин Ц, Б2, бета-каротен и калиум. Не треба да се заборави дека ова растение може да послужи и како природен лек за многу болести.

Најдобро е ако се консумираат свежи, но исто така и соковите и компотите подготвени од праски задржуваат многу хранливи материи и лековити состојки.

Научните истражувања покажуваат дека праската може да ја зголеми плодноста кај мажите, да го намали крвниот притисок, да спречи појава и понатамошна прогресија на рак. Благодарение на витаминот Б2, тие се корисни за зачувување на добриот вид, за мека и еластична кожа и воопшто за младешки изглед. Праската е особено препорачлива за децата во развој бидејќи витаминот Б2 е одговорен за правилен раст и развој.

Покрај тоа, праските го забрзуваат варењето на храната, особено тешко сварливата и масна храна затоа што го зголемуваат лачењето на желудочните сокови и ги запираат мачнините и повраќањето.

Праската содржи многу течности, шеќер и други хранливи материи, па затоа во текот на летото е вистински мелем за зајакнување на организмот и затоа не треба да се пропушта додека трае сезоната.

Фото: Pixabay