По рецептот на баба Рада

Откако сфатил дека нема ориз, нашиот читател се сетил на рецептот за копани со макарони на неговата баба кој го имал сосема заборавено. Дали вие некогаш сте ја пробале оваа варијанта?

0
290

Нашиот читател Александар Темков ни го испрати овој рецепт, а ние викендов веднаш го испробавме.

Значи, ги варите копанчињата во вода со сол, целер, ѓумбир, пашканат и моркови. Кога се сварени, дел од течноста во која се вареле оставете ако сакате да направите супа, а дел искористете за макароните.

Ставете ги макароните во сад за печење, додадете од течноста во која се вареле копанчињата, наредете ги копанчињата одозгора, зачинете со вашите омилени зачини и ставете ги во рерна додека макароните не бидат готови.

Нивниот вкус е боженствен.