Почнете го денот со вкусен напиток од куркума – го штити црниот дроб, го подобрува варењето

Благодарение на куркуминот, водата со куркума е еден од полековитите напитоци кој често го нарекуваат еликсир на здравје.

0
469

Сите се трудиме да консумираме здрава и корисна храна, но често не сме свесни колку силно таа може да делува на нашиот организам и колку може да придонесе за здравјето.

Освен фактот дека куркумата е еден од најкорисните зачини, кој на јадењата им дава одлична арома и боја, исто така и му годи на организмот на тој начин што поседува противвоспалителни, антиоксидантни и подмладувачки својства. Главната состојка одговорна за сето тоа е куркуминот. Благодарение на него, водата со куркума е еден од полековитите напитоци кој често го нарекуваат еликсир на здравје.

Рецепт за чудесниот напиток:

Состојки:

Пола лажичка куркума

1 чаша топла проварена вода (може да се користи и топло млеко)

Приготвување:

Ставете ја куркумата во чаша со вода и измешајте.

Напитокот се пие во првиот дел од денот, пред или после појадокот. Можете да додадете и прстофат црн пипер, за подобра апсорпција. Пијте го овој напиток 2 недели, а потоа направете пауза (2 недели).

Уште ако во овој напиток додадете и малку лимон и мед, тоа ќе биде полн погодок за превенција и лекување.

Позитивно влијание на организмот:

Здравје на срцето. Куркуминот го спречува создавањето на тромб.

Го подобрува варењето. Го нормализира варењето и го забрзува метаболизмот.

Го штити црниот дроб. Ги обновува оштетените клетки.

Ги олеснува симптомите на артритис. Го намалува отокот и ја ублажува болката.

Позитивно влијае на здравјето на дијабетичарите.

Важно: Иако е куркумата позната како природен антибиотик, при примената на напитокот, постојат контраиндикации, затоа пред да почнете да го консумирате напитокот – консултирајте се со својот лекар.

Ако земате некакви лекови, исто така консултирајте се со лекар, особено ако страдате од хемофилија и хипертонија, затоа што куркумата ја разредува крвта и го снижува притисокот, иако за повеќето луѓе ова е само глем плус.

Но освен што го снижува притисокот, куркумата може да предизвика и пад на нивото на шеќер во крвта.

Лицата кои страдаат од дијабетес, исто така мораат да се консултираат со својот лекар. Но она што е навистина опасно – да се консумира куркума ако имате заболување на жолчната кеса и таложење на камења во неа, затоа што куркумата предизвикува контракција на мускулите на жолчната кеса.

Куркумата е исто така контраиндицирана:

  • Во големи дози во бременоста и кај болести на гастритис и чир на желудник
  • Кај деца под 5 години

Фото: Pixabey