Посно макало за #ПосенПеток

Со уште еден нов едноставен рецепт се придружуваме на предизвикот #ПосенПеток на Слоу фуд. Макало од нашите омилени модри патлиџани

0
1031

Од модри патлиџани никогаш не ни е доста. Во пинџур, во макало, полнети, печени, тие се надобра замена за месо, а освен свежи во лето, одлични се и кога ќе си ги извадите во зима од замрзнувачот и ќе си направите малиџано.

Ама денеска не е ден за малиџано, туку за посно макало.

Состојки:

1 печен модар патлиџан

2-3 чешниња лук

магдонос

ореви (по вкус)

сол, бибер

маслиново масло

маслинка за украсување

Приготвување:

Модриот патлиџан, се лупи и се гмечи со вилушка. Потоа му се додаваат сол, маслиново масло, ситно сечкани лук, ореви и магдонос и се меша убаво.

Се украсува со маслинка.