Посна пица со домашно тесто

Лесно е да се пости со маслиново масло и туна, такашто, верувајте, ако сте решиле да постите, во оваа пица нема воопшто да ви недостасуваат сирење или кашкавал

0
414

Во оваа пица, акцентот е на тестото кое е направено по овој рецепт.

Она со што ќе ја наредите е само бонус плус.

Состојки:

Тесто за пица (во ова тесто има маслиново масло и не го менувајте со некое друго затоа што токму тоа му го дава овој вкус)

Кромид

пченка

туна

домати или сос од домати

маслинки

свеж рузмарин

оригано

сусам

Приготвување:

Уште еднаш, марифетот е во тестото, а не во филот, такашто, посветете му се на тестото, а состојките за филот наредете ги како и за секоја пица, испечете и уживајте. Од сѐ ставете си по свој вкус.