Го отварате фрижидерот. Внатре имате една црвена пиперка, 2 китчиња брокула (малку овената), 1 тиквичка (прилично неугледна, ама сé уште цврста), праз, две закржлавени морковчиња.
Ги миете, лупите, сечкате. Ги ставате во сад за печење, попрскувате со маслиново масло, сол, црн пипер, малку чили, додавате еден филџан ориз, 3 филџани вода и ставате во загреана рерна.
За салата, ја рендате зелката, ја зачинувате со сол, копар, јаболков оцет и пак малку чили, ако сакате луто.
Во меѓувреме и зеленчукот е веќе готов, па ручекот денеска е порано на маса.