Овој кочански специјалитет одамна го мислам, но никогаш не сум го пробала. Секогаш мислев дека е премногу комплициран поради толчењето на семето, ама всушност, иако тоа можеби нема да им се допадне на старите домаќинки, тоа и не мора да се толчи, може едноставно да се стави во блендер.
За оние кои сакаат афионово семе, гарантирам дека ќе им се допадне.
За овој специјалитет ви се потребни:
250 г афионово семе
250 г кршен ориз (ако немате таков, може и обичен)
1 л вода
1 лажичка сол
Приготвување:
Афионовото семе се става во тепсија, врз хартија за печење и печете го во рерна на 50 степени околу 15 минути, но внимавајте да не ви изгори.
Потоа, ставајте дел по дел во блендер и мешајте додека не стане меко и лепливо. Размешајте го во малку ладна вода, а потоа ставете го во тенџере, додадете топла вода и варете го околу 20 минути. Потоа додадете го и оризот и оставете ги заедно да се варат додека не ја впијат цела вода. Во текот на готвењто додадете и лажичка сол.
Лапата е готова и можете да лапате.