#ПосенПеток: ‘Шницли’ со кромид

Буковките се здрави печурки кои слободно можат да го заменат месото во вашата исхрана. Ех, какви се овие шницли

0
359

Благотворното дејство на буковката први го откриле Кинезите, кои најчесто ја користат сушена или во прав, а Европејците почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век.

Буковката може да помогне во намалување на нивоата на холестерол во крвта. Имено, една студија вели дека јадењето буковка го намалува нивото на холестерол во крвта за 37%, а нивото на триглицеридите, за дури 45%.

Сепак, потребни се повеќе студии на човечки испитаници, за потврдување на ваквото дејство.

Според повеќе истражувања јадењето буковка има антивоспалителен ефект и може да помогне при превенција и намалување на симптомите на заболувањата кои се директно поврзани со воспаленија, како ревматоидниот артрит и хронични воспаленија на цревата. Оваа печурка е богата со компоненти кои имаат антиоксидативно дејство.

Високиот процент на вода, растителни влакна, протеини, но и ниската калориска вредност, ја прави буковката (но и повеќето други печурки) погодни при процесот на слабеење.

Оваа печурка е богата и со хранливи материи, потребни за здравјето на мозокот. На пример, витаминот Б3, во клиничките студии покажал заштитно дејство во однос на Алцхајмеровото заболување и други когнитивни нарушувања кај повозрасните лица. Друг пример е витаминот Б2, кој исто така има своја важна улога во здравјето на нервниот систем.

И поради сето ова, а најмногу поради тоа што се вкусни, денеска си направивме нешто многу едноставно, а многу вкусно. Пропржени буковки во комбинација со кромид.