#ПосенПеток: Чорбесто гравче со нане и …

... И везени пиперки за цела недела, испечени на плех, зачинети со маслиново, оцет, лукче и магдонос. Кои се лути, а кои не, ќе дознаеме 'на лице место'

0
290

Знаете ли дека иако веќе извесно време редовно објавуваме посни рецепти за Посен Петок, ниту еднаш не објавивме рецепт за посно гравче.

Па нели обично се вика: просто е како грав! Епа ете, затоа не сме објавиле, си велиме, кој не знае да свари грав!

Овојпат само ќе ве прашаме, дали и вие во гравчето ставате нане?

Како што веќе знаете, нането спречува гасови и надуеност, па ако го додадете во гравчето, ќе можете да уживате во ова вкусно и едноставно, да не речеме, ‘просто’ јадење, без подоцнежни потешкотии. А и вкусот е поинаков и уште повкусен.

И нема подобра комбинација од оваа – чорбесто гравче и печени везени пиперки.