#ПосенПеток: Турлитава во вок тава

Кој вели дека турлитавата мора да биде со месо. На толку многу зеленчук, дури е греота месо да се става - ќе се изгуби во шаренилото и богатството од вкусови. Ако баш сакате месо, чувајте си го за во недела. Денеска е #ПосенПеток

0
480

Ако има нешто повкусно, побрзо и поедноставно за правење, кажете.

Нам за оваа вкусна турлитава која не се прави во рерна, туку во вок тава, ни беа потребни 15 минути.

Состојки:

1 поголем модар патлиџан

1 поголема тиквица

1 морков

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

100 г бамји

една рака шери домати

сол, црн пипер, свеж босилек, лук во прав, чили по желба

маслиново масло

Приготвување:

Миете, лупите, сечете и ставате во тавата во која се става многу малку масло. Почнете со морковите и пиперките, а потоа додавајте ги модрите домати, тиквичките и на бамјите. Пред крајот се додаваат доматчињата и зачините.

Се обработува многу кратко за да се задржат боите, вкусовите и здравствените придобивки на зеленчуците.

На крајот можете да ја прелеете турлитавата со маслиново масло.

Ако имате дома тинејџери и млади, веројатно ќе се одлучат на оваа варијанта – помешано со нудли.

Ние повозрасните ја јадевме без нудли – сепак, станува збор за турлитава.