#ПосенПеток: Пинџур со грозје

Највкусната комбинација на која, додуша, ѝ недостасува едно парче сирење, ама денеска е петок ...

0
362

Нема ништо полесно и повкусно од овој пинџур од црвени меснати пиперки и модри патлиџани и малку повеќе лукче во комбинација со грозје.

Значи, за овој #ПосенПеток ви требаат 7-8 црвени пиперки, 1 голем модар патлиџан и лукче.

Испечете ги во рерна, излупете ги, истолчете ги, ставете лукче и сол и уживајте во вкусовите.