Сигурно има денови кога си велите, е ништо не ми се готви денеска, ќе сварам макарони, пене ригате, фусили, фарфали, што и да е од оние тестенини кои нема кој не ги сака, од најмлади до најстари. Епа денес е токму таков ден, плус и #ПосенПеток.
А за да не биде повторно истата варијанта каква што најчесто ја јадеме, онаа со домати, босилек и маслиново масло, овојпат направивме нешто поинакво, но исто така многу вкусно.
Пропржена свежа зелка и моркови, сол, црн пипер, неколку ливчиња свежо нане и маслинки, по вкус, додадете уште малку маслиново масло и оригано.
Не ви треба ништо друго.
Наздравје!