За овој #ПосенПеток си направивме лосос, иако неодамна го имавме на ‘репертоарот’ подготвен во рерна. Овојпат го извалкавме во малку брашно и го испрживме на многу малку маслиново помас масло во грил тава. Искрено, вака подготвен и крцкав е многу повкусен.
Ги премачкавме со изблендирани солени марокански лимони, направивме зелена салата и ете вкусен посен петочки оброк.