#ПосенПеток и ручек во боја

Овој ручек со преубави бои, всушност не е ништо специјално - полнети пиперки со печурки, модар патлиџан и булгур. Ама изгледа толку добро што ни беше жал да ја расипеме софрата.

0
326

За овој #ПосенПеток ги одбравме најубавите шест црвени пиперки. 

Состојки:

6 големи црвени пиперки

1/2 кромид

1 модар патлиџан

250 г свежи шампињони

1 филџан булгур

1 црвен домат

1 големо чешне лук

зачини по желба (сол, црн пипер, копар, мешан сув зеленчук, лут црвен пипер)

Приготвување:

Испржете го кромидот, па додадете го сечканиот модар патлиџан и сечканите печурки. Пропржете се заедно, па додадете го булгурот, ситно сечкано лукче и зачините.

Наполнете ги пиперките и затворете ги со тркалце црвен домат и наредете ги во намрсена тепсија, па додадете малку вода. Покријте ги со фолија и ставете ги во загреана рерна. После 30-тина минути, односно, додека пиперките не омекнат, извадете ја фолијата и печете ги уште некое време (десетина минути).

Мирисаа навистина преубаво, како што секогаш мирисаат овие убави црвени пиперки.

По желба додадете неколку ливчиња свеж босилек и секако, салата од краставица и салата од шери доматчиња.