#ПосенПеток: Брз и здрав ручек – булгур со зеленчук

Иако е период на Божиќни пости, ние си продолжуваме со посен петок. Повторно еден од оние вкусни, здрави и брзи рецепти

0
582
Колку е вкусно и шарено, се во една тава, брзо и лесно, готово за најмногу половина час – и тоа вклучувајќи го времето потребно за миење, лупење и сечкање.
Булгурот прелијте го со врела вода и покријте го.
Во тава со малку масло ставете неколку моркови исечкани на стапчиња, пиперки исечени на тркалца, брокулата раздвоена на цветчиња.
Сѐ пропржете и помешајте и додадете го булгурот кој во меѓувреме ја впил водата.
Измешајте сѐ и додадете сечкан млад кромид и сечкани маслинки.
Се разбира, зачинете по желба.