Ако сувото грозје не ви е омилено, слободно заменете го со брусница, урми или некое друго омилено суво овошје. Ако сакате да ја зачините вашата чаша за здравје, не заборавајте да ги додадете и омилените јатки.
Состојки:
1 чаша кравјо млеко
2 лажици јогурт
1 банана
3 лажици овесни снегулки
2 лажици суво грозје
1 лажичка мелен цимет
Малку екстракт од ванила
Приготвување:
Потопете ги овесните снегулки во млеко за да омекнат. Сувото грозје, исто така, треба да постои во топла вода околу десет минути. Потоа исецкајте ја бананата и сите состојки добро измешајте ги во блендер.
Фото: Pixabey