Подгответе хумус за подоцна

Ако сакате да имате полуготов хумус, можете да го зачувате на овој начин. Ова ќе ви заштеди многу време. Исто така, можете и сосема да го направите, а потоа само да го одмрзнете

0
255

Наместо да земете некој нездрав намаз за тост бидејќи немате време да си подготвите домашен и здрав намаз, направете си однапред неколку пакувања и ставете ги во замрзнувачот. Кога ќе сакате, ќе ги одмрзнете многу лесно. Сè што ќе треба тогаш да направите е да ги ставите во блендер и да ги измешате. или пак подгответе го хумусот однапред и така направен поделете го во помали дози и замрзнете го.

Ако се решите за првата варијанта, подгответе ги сите состојки за хумус, одделете ги во помали дози, спакувајте ги во кесички за замрзнување, врзете ги и замрзнете ги. Исто така оставете малку вода од готвењето, онолку колку што би додале кога би го спремале веднаш. Извадете го од замрзнувачот околу половина час пред оброк. Измешајте и уживајте со зелена салата и интегрален леб.

Ако пак сакате да го направите и да го имате хумусот готов во замрзнувачот, направете поголема доза, поделете во неколку помали садови и замрзнете.

Состојки:
5 шолји сварен наут
1 шолја таан
1/3 шилја свежо исцеден сок од лимон (од 2-3 сочни големи лимони)
5 средни чешниња лук
1 1/2 лажичка сол (плус повеќе по вкус ако сакате)
1 лажичка кумин (по избор)
1/3 шолја – 1 шолја вода (или течноста од наутот во конзерва)

Откако ќе ги измешате во блендер сите состојки, ставете етикети со датумот кога сте го направиле.
За да се одмрзне, префрлете го од замрзнувач во фрижидер. Хумусот треба да се одмрзне за околу 24 часа. Кога ќе се одмрзне, префрлете го во чинија и додадете маслиново масло. Ако одмрзнатиот хумус изгледа премногу зрнест, ставете го во блендер со лажица или две маслиново масло додека не се изедначи.
Се чува во замрзнувач до 3 месеци.

Фото: Unsplash