Состојки:
250 г мелени чварки
1/2 кг брашно
3 жолчки
200 мл млеко
1 квасец
1 лажица свинска маст + 150 г за премачкување
сол по вкус
Приготвување:
Се замесува тесто и се остава 15 минути да мирува.
Се развива кора и се премачкува со свинска маст, па се витка, повторно се расукува како кора и пак се премачкува и се витка (вкупно 4 пати + уште 2 пати без премачкување, само да се одмара по 10-15 минути).
На крајот се расукува уште еднаш како кора и се вадат погачиците со чаша па се редат во подмачкана тепсија. Се оставаат пола час. Потоа се засекуваат одозгора со нож, се премачкуваат со жолчка и се поросуваат со сусам, ким или нешто друго по ваш избор.
Се печат во загреана рерна.