Пињоли: за подобар имунитет, слабеење и нормален притисок

Семките од шишарките на питом бор се добри и за подобра работа на цревата и бубрезите

0
686

Пињолите имаат пријатен и благ вкус, може да се јадат сирови, но најчесто се додаваат како зачин во салати, во јадења со месо, но и во многу слатки. Богати се со хранливи материи, влакна и витамини А, Ц, Д, Е и особено со минерали како калиум, фосфор, магнезиум, калциум, железо, манган, цинк и бакар.

Масло од пињоли

Со обработка на семето, се добива масло богато со линолеинска киселина, што помага при проблеми со артериосклероза и висок крвен притисок. Покрај тоа, многу успешно се користи како лек против анксиозност, туберкулоза, нарушување на мочниот меур, на работата на бубрезите, чир на желудник, како и при контрола на телесната тежина.

За зајакнување на имунолошкиот систем

Манганот во пињолите помага во одржување на хормоналната рамнотежа, додека цинкот го поддржува имунитетот и помага во заздравување на раните, такашто може да се констатира дека се одлични за зајакнување на имунитетот. Само 28 грама ќе ја обезбедат дневната потреба на човечкиот организам за цинк и манган.

Против дебелината

Пињолите содржат многу повеќе протеини отколку другите јаткасти плодови и испраќаат сигнал до мозокот дека стомакот е полн и со тоа го забавува неговото празнење. На тој начин, вашето тело ќе биде исполнето подолг временски период и нема да бара нови резерви на храна.

Здравје и енергија

Овие прекрасни семиња се одлична закуска. Железото со кое се збогатени има клучна улога во складирањето и транспортот на кислород, додека магнезиумот во нив ги поттикнува клетките да произведат енергија потребна за нормално функционирање на целото тело.

За поздрава кожа

Пињолите содржат витамин Е кој ја штити кожата од УВ зраци. Тие ги неутрализираат слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на колагенот, сувата кожа и настанувањето на брчките. Во комбинација со протеините, тие ја штитат кожата од пукање.

Коса без оштетени краеви

Доволно е да јадете до 30 грама пињоли на ден и вашата коса ќе биде негувана и без испукани врвови. Имено, овие плодови се богати со витамин Е, кој го поттикнува производството на кератин, кој ја штити косата од УВ зраци и оштетување.

Фото: Pixabay