Пијте вода на празен стомак: Спречете развој на рак и исчистете ги цревата

Знаеме дека е добро да пиеме вода веднаш штом ќе станеме, на празен стомак. На овој начин го чистиме телото, особено цревата, кои потоа можат подобро да ги апсорбираат хранливите материи од храната.

0
455

Водата е составен дел од телото. Една работа што можете да ја направите за да му помогнете на вашето тело да работи непречено, е да пиете 7-8 чаши вода на ден. Овие 7-8 чаши вклучуваат не само вода, туку и храна и јадења кои содржат голем процент на вода.
70% од човечкото тело е вода, од што не е тешко да се заклучи дека внесувањето вода игра важна улога во одржувањето на нормалните телесни функции. 75% од мускулите се вода. Коските исто така содржат вода, околу 25%. Дури 82% од крвта се состои од вода.

Сите одамна знаеме дека е добро да пиеме вода веднаш штом ќе станеме, на празен стомак. На овој начин го чистиме телото, особено цревата, кои потоа можат подобро да ги апсорбираат хранливите материи од храната.

Почист тен

Водата ќе го подобри ослободувањето на токсините од телото, што многу брзо почнуваме да го забележуваме на нашата кожа, особено кожата на лицето. Вашето лице ќе стане почисто и посветло.

Поттикнува создавање на нови клетки

Ако пиете вода наутро штом ќе се разбудите, ќе го намалите времето што му е потребно на телото за да создаде нови клетки и мускулно ткиво.

Рамнотежа на лимфниот систем

Лимфните жлезди се одговорни за борба против инфекциите, а пиењето вода на празен стомак ќе ја подобри нивната работа. Лимфниот систем е исто така многу важен за одржување на избалансирано ниво на течности во телото.

Чистење на цревата

Кога пиете вода на празен стомак, ќе го поттикнете чистењето на цревата, а потоа тие ќе можат поефикасно да ги апсорбираат хранливите материи.

Лечи болести и тегоби

Со пиење вода на празен стомак, можете да ги ублажите повраќањето, болката во грлото, да го забавите ширењето на клетките на ракот, очните болести, дијарејата, болестите на уринарниот тракт, болестите на бубрезите, менингитис, туберкулоза, артритис и главоболки.

Како да пиете вода наутро?

Научниците од Јапонија откриле дека пиењето вода на празен желудник може да го подобри целокупното здравје и да ублажи некои болести и тегоби. Ефектот зависи од видот на водата што ја пиете. Важно е таа да биде чиста.

Кога ќе се разбудите, и пред да ги миете забите, напијте се 650 мл вода.

Измијте ги забите и не пијте и не јадете ништо.

Појадувајте после 45 минути.

По појадокот, не јадете и не пијте ништо 2 часа.

За постарите лица и оние кои страдаат од некои медицински состојби, 650 мл вода може да бидат премногу. Започнете со помала количина и постепено зголемувајте.

Опасности од премалку консумирање на вода

Постојат биолошки знаци на жед што ги покажува вашето тело, но тие можат да се заменат за некои симптоми или знаци на различни болести.

Некои експерти веруваат дека човечките суштества се послабо го препознаваат чувството на жед и забораваат на важноста на водата. Ова нè прави хронично дехидрирани.

Понекогаш лекарите ја заменуваат дехидрацијата за симптомите на одредени болести и состојби како што се:

ангина

рак на дојка

рак на матката

леукемија

неправилна менструација

дијабетес

камен во бубрегот

астма

синузитис

хипертензија

запек

главоболки и мигрена

ревматичен артритис

Фото: Pexels/Pixabay