Пишии во вид на крофни

Ова е првиот рецепт што ни го испрати нашата читателка од Велес, Верче Марија Ројдева, кој не содржи детални информации за количината на состојките, па за да ги направите ќе ви треба малку искуство со тесто или барем да имате чувство за тоа кога е тестото таман какво што треба. Или придржувајте се до нашиот предлог за количините

0
610

За да замесите тесто за пишии потребни ви се:

Брашно, сол, квасец и малку зејтин.

Бидејќи нашата читателка не ги испрати потребните количини за состојките затоа што самата ги прави отприлика, за помладите домаќинки кои немаат многу искуство со тесто, ви ги препорачуваме следните количини:

Состојки:

1/2 кг брашно

1 квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

масло за пржење

300 мл млака вода

Приготвување:

Прво растворете го квасецот во дел од млаката вода (100 мл), додадете 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно измешајте и почекајте да се активира.

Ставете го брашното во една тепсија и во средината ставете го активираниот квасец. Потоа истурајте полека од млаката вода и замесете тесто.
Покријте го со крпа и оставете го да отстои 15-20 минути или додека да нарасне.

Ако сакате класични пишии, кинете со рака од тестото, растегнете го парчето во форма на пишија и пржете во претходно загреан зејтин.

Или пак, како нашата читателка, расукајте го тестото и вадете форми со чаша, па потоа пржете ги во претходно загреан зејтин. Во тој случај ќе изгледаат како крофни, но вкусот е веројатно подеднакво добар.