Состојки:
1 кг спанаќ
2-3 чешниња лук
1 лажица брашно
100 мл млеко
моцарела
50 г путер
Приготвување:
Измијте го спанаќот во неколку води и исечкајте го.
Пропржете ги лукчето и брашното на малку путер, па додадете го исечканиот спанаќ, додадете го млекото, па кога ќе омекне спанаќот, испасирајте го, и додадете уште малку путер и моцарела или некое друго сирење по ваш избор.