Во многу кафулиња кога ќе ви донесат пиво, на маса веднаш ви носат и кикирики за мезе, а сигурно и многумина од вас, редовно ја трошат оваа комбинација.
Зошто оваа и некои други комбинации се погрешни?
Кикирики и пиво
Кикириките содржат големи количини витамини B, E, PP i D, како и минерали како натриум, калиум, калциум, манган, железо и фосфор. Меѓутоа, алкохолот ги уништува повеќето од тие хранливи состојки, па е затоа подобро да се одвикнете од оваа комбинација.
Совет плус: Прво јадете кикирики, па после неколку часа пијте пиво или пак комбинирајте го пивото со нешто конкретно – компири со сланина.
Хамбургери и маслиново масло
Корисните својства на маслиновото масло исчезнуваат кога ќе го ставите ова масло во тава. Не фрлајте пари, користете го маслиновото масло за салати, а не за пржење плескавици.
Совет плус: Хамбургерите е подобро да ги печете во рерната, ќе бидат помалку калорични.
Алкохол и диетална Кока-кола
Кока-колата без шеќер се апсорбира многу брзо во цревата, што поттикнува побрза апсорпција на алкохол. Како резултат на ова, количината на алкохол во крвта е многу поголема отколку што би била ако сте земале друга комбинација. Плус, мамурлакот ќе биде поголем од оваа комбинација.
Совет плус: Алкохолните пијалоци „гасете ги“ со обична вода.
Киви и млеко или киви и јогурт
Многу луѓе мислат дека кивито е идеален додаток за овесна каша, јогурт или млеко во милк шејковите. Но, природата се погрижи да ја направи оваа кулинарска комбинација невозможна. Кивито содржи посебен ензим кој разградува па вкусот на млеко го прави горчлив.
Совет плус: Ставете суво овошје во овесната каша наместо киви. Кивито е одлично во комбинација со црно чоколадо
Фото: Freepik