Следејќи ги светските трендови во делот на производство на млеко и млечни производи, со посветеност и грижа за потребите и здравите навики на потрошувачите, компанијата Бимилк лансираше новитет на пазарот. Битолското свежо млеко со Д3 витамин, добиено со користење висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија е совршен млечен пијалак што ја задоволува дневната доза на витамин Д3 за сите што сакаат да се грижат за добросостојбата на своите заби и коски.
Конечно, не е напразно споделен фактот дека свежото млеко е дел од исхраната на светското население од секогаш. Доколку сте во дилема дали да му кажете ДА на овој популарен, здрав и хранлив пијалак и да го консумирате во неговата изворна и природна форма, прочитајте ги петте најзначајни придобивки.
Се поголем број истражувања на академската и стручната јавност, нутриционистички совети и трендови во здравата исхрана како и досегашната пракса, покажаа дека свежото млеко врз основа на составот и карактеристиките помага и учествува во подобрување на општата здравствена состојба со посебно влијание врз неколку аспекти.
- Претставува комплетно избалансирана храна – Една од главните здравствени придобивки на свежото млеко е тоа што е целосно избалансирана храна. Содржи голем список моќни состојки, вклучувајќи протеини, јаглени хидрати, масти, витамини, минерали, што заедно придонесуваат за задоволување на сите основни потреби на организмот.
- Помага при контрола на крвниот притисок – Свежото млеко е богато со протеини што можат да ја зголемат апсорпцијата на минералите, како и да го одржат нивото на нормален крвен притисок.
- Успешно се бори со проблемите на кожата – Со големо количество витамин А во неговиот состав, свежото млеко може да биде вашиот идеален сојузник во борбата со кожните проблеми. Освен што ја намалува сувоста на кожата, во исто време може да ја спречи појавата на акни. Ако сте лице склоно на акни, може да сметате на тоа дека со консумирање на свежото млеко ќе ја исчистите кожата од вишокот маснотии и нечистотии и ќе ја чувате подалеку од акните.
- Ја спречува појавата на настинки и вируси – Постојано бараме природни начини за да ги избегнеме настинките и вирусите. Исхраната во која што е вклучено свежото млеко е добра алтернатива за лекови и инјекции и дава можности за зајакнување на имунолошкиот систем.
- Го одржува здравјето на коските и забите – И конечно, општо познат е фактот дека млекото е одличен извор на калциум. Но, свежото млеко овој минерал го содржи во изобилство, а со додаден Д3 витамин, како што е случај со новитетот на Бимилк, Битолско свежо млеко со Д3 витамин, комбинацијата е клучна за здрави заби и коски. А токму додадениот Д3 витамин помага телото побрзо да го апсорбира калциумот од свежото млеко.