САД, Европа и целиот свет моментално доживуваат највисок степен на случаи со коронавирус, со рекордни нови случаи кои се појавуваат секој ден. Иако знаеме многу повеќе за вирусот отколку што знаевме во март, многу луѓе сè уште се во дилема кои мерки на претпазливост уште треба да се преземат со цел членовите на семејството да бидат безбедни – особено оние кои спаѓаат во категоријата со висок ризик.
Најчестите дилеми и прашања на луѓето околу коронавирусот и безбедноста на храната, но и одговорите на истите, се следниве:
Треба ли да готвам за гости?
Во ова време, минимизирањето на интеракциите со пријателите и луѓето е од најголема важност, бидејќи ковид-19 е најпренослив померѓу луѓе кои се во близок контакт едни со други.
Болеста се пренесува преку респираторни капки од устата или носот на заразено лице или преку кашлица или кивање. Ако организирате вечера, а некој во собата има ковид-19 и кашла или кива, тоа ги става сите други во просторијата во поголем ризик да се заразат.
Најдобро е да ја прескокнете забавата со организирање на вечера оваа празнична сезона.
Дали треба да нарачам храна за испорака или за земање?
Повторно, вирусот е заразен преку човечки контакт, па затоа најдобриот начин да бидете безбедни вие и доставувачот е ако и двајцата носите маска. Во моментов, локалните ресторани во голема мера се потпираат на вашата поддршка, затоа апсолутно продолжете да ги заштитувате овие бизниси оваа зима.
Нарачката на храна за достава е многу побезбедна од јадење во затворено, вво некој ресторан. Секако, треба да ги измиете рацете откако ќе ја допрете амбалажата и пред да започнете да јадете.
Дали ковид-19 се пренесува преку храна?
Во март, Европскиот орган за безбедност на храната изјави: „Во моментов нема докази дека храната е веројатен извор или пат на пренесување на вирусот“. Покрај тоа, Агенцијата за безбедност на храната во Ирска вели дека на коронавирусот му треба домаќин, како што е човекот или живо суштество за да може да расте. Додека и ЦДЦ и СЗО исто така велат дека шансите за заразување со вирусот од храна или пакување храна се крајно ниски, студиите покажаа дека вирусот може да преживее на сиров, замрзнат лосос, пилешки крилца, свинско месо и на пакувањето на замрзнати шкампи.
Ризикот од заразување со ковид-19 преку храна е многу мал.
Дали готвењето ги убива трагите од коронавирусот на храната?
Според статијата објавена од Медицинскиот факултет Харвард, „во случај на топла храна, вирусот најверојатно ќе биде убиен со готвењето“. Покрај тоа, од Медицинскиот систем на Универзитетот во Мериленд велат дека готвењето храна на безбедна температура, поточно 165 степени Целзиусови, „ќе ги уништи сите честички на вирусот што можеле да стасаат на храната“.
Топлината повеќе од веројатно ќе убие каква било трага од ковид-19 на вашата храна, се додека тоа го правите темелно.
Како треба да ги мијам производите што немаат кора или кожа што можат да се излупат?
Краток одговор? Со вода. Само обична вода. Во една статија од „Best Food Facts“, професорите по хортикултура на Универзитетот Обурн, д-р Флојд Вудс и д-р Kо Кембл, велат: „Истражувањето покажало дека користењето на обична вода може да отстрани 98% од бактериите кога се користи за плакнење и киснење. Едноставното миење на производите ќе ги отстрани сите бактерии или други остатоци од вашите производи.”
најдобро е да ги потопите овошјето и зеленчукот во вода или накратко да ги попарите. За производите што имаат лушпа, кожа или кора, размислете да ги исчистите дополнтелно со тврда четка додека ги миете под вода.
Фото: Pexels