Ако не ја чуваме храната во соодветни услови или ако не ја приготвуваме според упатствата, можеме да страдаме од мачнина, проблеми со дишење, психоза или други фатални последици.
Ова се пет намирници кои бараат посебно внимание кога ги консумираме. Всушност, ако не сте сигурни во некои од упатствата во продолжение на текстот, подобро избегнувајте ги во целост.
Надуена риба
Надуената риба е смртоносна. Таа содржи тетродотоксин, опасна супстанција која предизвикува страв поради брзината и јачината на последиците, дури се смета за посмртоносна од цијанидот.
Во Јапонија, фугу (името на подготвената надуена риба) често се служи сиров или како додаток на супи.
Готвачите мора да се подготвуваат со години пред да им биде дозволено да им ја сервираат на клиентите.
Клучно е да се отстранат отровните делови, како што се мозокот, кожата, очите, јајниците, црниот дроб и цревата, пред да се стави на чинијата.
Kaсу марзу сирење
Она што го издвојува ова сирење од другите е тоа што содржи – црви.
Можеби звучи како шега, но ова сирење од Сардинија има многу обожаватели.
Се создава со додавање на ларва на мува во пекорино, сирење чиј вкус и текстура се слични на пармезанот.
По некое време, малите црви ќе го омекнат сирењето и кога ќе се сервира, неговата внатрешност е течна.
Оние што го пробале, го споредуваат со горгонзола.
Касу Марзу има силен и посебен вкус, како резултат на изметот на ларви.
Постојат неколку работи кои треба да ги имате предвид при консумирање на ова сирење.
Прво, треба да имате брзи рефлекси за да ги фатите овие црви, бидејќи тие можат да скокаат до 15 цм.
Второ, многу е тешко да се најде и не е на списокот со храна одобрен од ЕУ и не може да се извезува.
Ако го јадете ова сирење во несоодветни услови, ризикувате да ви го расипе желудникот, да ве натера на повраќање или дијареа.
Рабарбара
Стеблата од рабарбара се многу популарни во британската кујна.
Тие се користат во десерти или пијалоци.
Но, треба да бидете многу внимателни со овие зеленчуци, бидејќи зелените лисја содржат отров.
Тоа е оксална киселина, која во големи количини предизвикува гадење, ја намалува апсорпцијата на минерали и доведува до формирање на камења во бубрег.
Научниците сè уште расправаат колку навистина се опасни листовите од рабарбара, поради што се препорачува да не се консумираат.
Црвен грав и соја
Прифатено е дека мешунките се добри за здравјето, но некои од ниви, ако не се соодветно подготвени, можат да предизвикаат проблеми.
Ова се однесува на црвениот грав и на сојата.
Од една страна, тие содржат протеини, влакна, витамини и минерали.
Но, од друга страна, содржат маст фитохемоглутинин, што тешко се вари.
Ако консумирате сиров грав, подгответе се на гадење и повраќање.
Кога се готви, компликациите нема да се појават.
Сојата исто така содржи протеини и антиоксиданти.
Сепак, зрната соја содржат отров – ензим на трипсин, кој го спречува варењето на храната.
Поради ова, гравот и сојата се натопуваат во вода 12 часа пред готвењето, а најчесто се фрла првата вода во која се готват.
Морско оревче
Овој познат зачин доаѓа од Индонезија и е важна состојка за многу слатки.
И може да се користи како зачин за подготвување компири, сосови, зеленчук и некои пијалоци.
Меѓутоа, ако јадете премногу морско оревче, може да доживеете гадење, болка, останување без здив, напади и психотични напади.
Труењето со него не предизвикува смрт, но искуството не е пријатно.
Зошто некој би одбрал да јаде премногу зачин? Па, морското оревче со векови е познато како халуциноген.
Со оглед на последиците, ова искуство не е вредно за да се ризикува животот.
Фото: Pixabey