Пет видови корисни намирници кои треба да ги консумирате ако работите седејќи

Сите знаеме дека седечкиот начин на живот го нарушува нашето здравје, но често сме принудени на тоа, особено доколку нашата професија подразбира многу часови пред компјутер. За среќа, штетата може да се намали доколку на секој половина час станете и прошетате, редовно вежбате и ги консумирате овие намирници.

0
376

Недостатокот од движење, штетните грицки и постојаното седење на компјутер – сето тоа се атрибути на канцеларискиот начин на живот, кој порано или подоцна влијаат на здравјето.

За среќа, штетата може да се намали доколку на секој половина час станете и прошетате, редовно вежбате и ги консумирате овие пет видови корисни намирници кои треба да ги вклучите во исхраната.

За очите

И покрај тоа што техниката многу напредувала, работата на компјутер ви ги оштетува очите.

Здравјето на вашите очи ќе ги зачуваат намирници кои содржат омега-3 масни киселини, лутеин, цинк и витамини А, Ц и Е:

Зелен зеленчук (зелена салата, спанаќ, зелка)

Јајца

Цитруси

Јаткасти плодови и семки

Масна риба (лосос, туна, скуша, пастрмка).

За јакнење на имунитетот

Поради големиот број луѓе кои седат во затворен простор, канцеларијата е идеално место за ширење бактерии и вируси. Затоа не е чудно што еден кој е настинат лесно може да ги зарази и сите околу себе.

За да го спречите тоа, покрај општите мерки на заштита, во својата исхрана вклучете ги намирниците кои го јакнат имунитетот:

Цитруси

Црвена пиперка

Брокули

Лук

Ѓумбир

Киви

Папаја

За забрзување на метаболизмот

Колку е подобар метаболизмот, толку повеќе калории согорува. Тоа е особено важно за канцелариските работници, кои поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи.

Овие намирници ќе ви го забрзаат метаболизмот и ќе ви помогнат да ја одржите идеалната тежина:

Алги

Кафе

Чај

Зачини (ѓумбир, алева пиперка, кардамон)

Мешунки

Посно месо (пилешко, мисиркино)

За мозокот

Правилната исхрана не е важна само за физичкото здравје, туку и за здравјето на мозокот.

Овие намирници ја помагаат работата на сивата мозочна маса и ги забавуваат промените кои настануваат со стареењето.

Масна риба (лосос, пастрмка)

Боровници

Ореви и семки

Намирници богати со влакна (овесна каша, интегрален леб, интегрален ориз)

Сок од калинка

Црно чоколадо

За цревата

Според американските истражувања, седечката работа во траење од десет или повеќе години го дуплираат ризикот од рак на дебелото црево. Превенцијата се состои од редовно вежбање (вклучувајќи и вежби во текот на работното време) и правилна исхрана која ги вклучува следните намирници:

Брокули

Спанаќ

Цитруси

Зрнесто овошје

Храна богата со влакна (овесна каша, леб, интегрален ориз)

Стручњаците советуваат да го ограничите консумирањето на црвено месо и месни преработки, како што се саламите и колбасите, затоа што таквите намирници го зголемуваат ризикот од појава на карцином.

Фото: Pexels