Паста од мед и лук за намалување на притисок, холестерол,…

Дали има нешто поздраво од овие две намирници: лук и мед? Оваа комбинација е и најпознатиот ајурведски лек и велат дека може да спречи рак.

0
577
1 чаша мед

10 чешниња лук

Лукот се меле во блендер, се става во тегла и се додава медот. Теглата се затвара и се остава една недела на ладно место. Потоа се зема секој ден по една лажица, на празен стомак во текот на една недела.
Потоа, се прави пауза од неколку недели и се повторува.

Овој лек ја подобрува циркулацијата на крвта, го нормализира крвниот притисок, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, го намалува воспалението, го зајакнува имунитетот, ја елиминира кашлицата, му помага на телото при настинка или грип.
Додека го користите овој лек, се препорачува да се избегнува масна и брза храна, шеќер и алкохолни пијалоци.

Фото: Pexels