Памучната торба е често најлоша замена за пластичните кеси!

Земајќи ги предвид другите фактори, како што е влијанието на производството врз климатските промени, оштетувањето на озонската обвивка, употребата на вода, загадувањето на воздухот и токсичноста за живите суштества, оние класични, пластични кеси за купување се всушност најбенигни од актуелните вообичаени „еколошки“ алтернативи.

0
967

Ако се обидувате да придонесете што е можно помалку за негативните климатски промени со создавање куп материјали што полека ги исполнуваат океаните, има корисна формула која треба да ја имате на ум: користете помалку предмети, користете ги повеќе пати и не купувајте нови.

Но, дали пластичните кеси се подобри или полоши од хартиените кеси? А што е со памучните торби? Одговорот е дека нема едноставен одговор.
За да се разбере влијанието на повеќекратните кеси врз животната средина, треба да се имаат предвид две многу различни работи.

Прво: пластичните кеси не се распаѓаат и ги полнат океаните, морскиот живот, и нашата вода и храна со пластични микрочестички.

Второ: Имајќи ги предвид сите други влијанија врз животната средина, освен затрупувањето со ѓубре (поради фактот дека постојано купуваме нови и фрламе стари пластични кеси), памучната торба или хартиената кеса лесно можат да бидат поштетни за околината од оние пластичните.

Во проценката на животниот циклус од 2018 година, данското Министерство за животна средина и храна се согласило со претходни слични студии, откривајќи дека класичните пластични кеси за купување имаат (колку и да звучи неверојатно) најмалку влијание врз животната средина. Оваа проценка не ги зема предвид морските отпадоци – такашто, што се однесува до тој гигантски проблем, пластиката е речиси сигурно најлошата, бидејќи тие не се распаѓаат во временска рамка релевантна за човечкиот или животинскиот живот.
Но, земајќи ги предвид другите фактори, како што е влијанието на производството врз климатските промени, оштетувањето на озонската обвивка, употребата на вода, загадувањето на воздухот и токсичноста за живите суштества, оние класични, пластични кеси за купување се всушност најбенигни од актуелните вообичаени „еколошки“ алтернативи.
Техничкото име за тенките пластични кеси, како што се оние што се достапни во продавниците или на пазарот, се кесички од полиетилен со мала густина ((low-density polyethylene – LDPE).

Табелата во продолжение, користејќи податоци од данска студија, ја споредува еколошката ефикасност на кесите LDPE со други торби, под претпоставка дека кесите LDPE се користат повторно барем еднаш (на пример, во кантата за ѓубре) пред да бидат запалени (палењето е најдобрата опција за отстранување на овие кеси).

Ministarstvo okoliša i hrane, Danska, 2018.
Министерство за животна средина и храна, Данска, 2018 година
  1. Тип на торба
  2. Повторна употреба што е потребна за истото кумулативно влијание врз животната средина (употреба на вода, употреба на енергија и сл.) како класична пластична кеса.
  3. Повторна употреба што е потребна за да се постигнат истите влијанија врз климатските промени како класична пластична кеса

Класична пластика (LDPE), повторно употребена еднаш              1

Класична пластика со цврста рачка (LDPE) повторно употребена еднаш
Рециклирана пластика                              1                                2
Неткаен полипропилен                             6                               52
Плетен полипропилен                               5                              45
Рециклиран полиетилен тере    фталат (ПЕТ) 8                              84
Полиестер                                                 2                              35
Небелена хартија                                                                      43
Избелена хартија                                       1                             43
Органски памук                                      149                      20.000
Конвенционален памук                             52                        7.100

Торбите од памук треба да се користат повторно илјадници пати пред да се достигнат еколошките ефекти на пластичните кеси – и данските научници велат дека органскиот памук е полош од конвенционалниот памук кога станува збор за целокупното влијание врз животната средина. Според извештајот, органските памучни кеси треба да се користат многу пати повеќе од вообичаените памучни кеси (20 000 наспроти 7000 пати), под претпоставка дека органскиот памук има 30% пониска стапка на принос во просек од конвенционалниот памук, и затоа се претпоставува дека бара 30% повеќе ресурси, како што е водата, за раст на истата количина.
Дури и со прилагодување на органското производство на памук во однос на влијанието врз животната средина – како што е намалена употреба на ѓубрива и пестициди (а со тоа и помалку еутрофикација и контаминација на водата предизвикани од неговото одгледување) – конвенционалниот памук сепак се најде на врвот.

Исто така, во извештајот се претпоставува дека памукот не може да се рециклира бидејќи постои многу мала инфраструктура за рециклирање на текстил. Со забраната за користење на пластични кеси која сè повеќе добива на попопуларност на глобално ниво (127 земји ги прифатија ограничувањата на пластичните кеси), станува сè поважно прашањето што да ги замени пластичните кеси.

Знаеме дека всушност најголемиот проблем е еднократната употреба, било да станува збор за пластика или не, така што заменувањето на пластичните кеси со кеси од хартија сигурно ќе има штетни нус-појави како што се зголемување на уништувањето на шумите.

За правење хартиена кеса, исто така, треба повеќе енергија и вода отколку да се направи пластична кеса, такашто за останатите еколошки аспекти, освен отпадот, производите од хартија може да бидат и полоши од пластичните.

Иако оваа тема е доста комплицирана, еден едноставен совет може многу да помогне за намалување на нашето штетно влијание врз животната средина. Што и да имате во вашата куќа – без разлика дали станува збор за куп памучни торби или куп пластични кеси – не фрлајте ги. Продолжете да ги користите сè додека не се распаднат. Без оглед на материјалот, користете ги како торба за ѓубре кога веќе не можете да ги користите за други цели.

И што и да правите, обидете се да не купувате нови.
Покрај тоа, знаејќи колку ресурси се потребни за производство на памук, третирајте ги ткаенините во вашиот дом како бесконечно повеќекратни ресурси вредни за намалување на емисијата на јаглерод. Пронајдете нови намени за старата облека, користете текстил сè додека не се истроши, а кога сакате нешто ново, купете користено.

Фото: Pixabey