Крекерите ги направивме во момент на инспирација, па ставивме во нив навистина се што ни дојде при рака, под услов да е здраво.
Состојките се отприлика вака:
1 шолја (отприлика 200 г) брашно од хељда
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја грахам брашно
1 шолја ‘ржано брашно
1/2 шолја бело брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
1/2 лажичка куркума во прав
кратко смелено ленено семе, чиа семе, црно семе, сусам, сончоглед, ким за поросување (од сите овие семки ставивме отприлика, па и вие можете да ставите какви што имате и колку што имате)
1 белка
300 г урда
50 мл маслиново и 50 мл масло од тиква
1 жолчка за премачкување
Приготвување:
Измешајте ги сите видови брашно, прашок за пециво, солта, куркумата и семките. Додадете ја урдата, белката и маслото, а ако ви е смесата сува, додадете малку вода.
Ставете го тестото помеѓу два листа хартија за печење и развлечете го до краевите колку што можете повеќе (колку потенко, толку подобро). Премачкајте го со жолчката и поросете го со ким. Исечете го на коцки, правоаголници или триаголници, по ваша желба, но не сосема, само колку да може потоа полесно да се поделат на парчиња.
Печете во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути.
Оставете ги да се оладат и уживајте.