Во студија спроведена на Универзитетот во Флорида учествувале 60 жени кои поминале низ менопауза. Во период од осум недели на две групи учеснички им биле давани јагоди и плацебо лекови.
Сите учеснички имале благо или умерено покачен крвен притисок, кој бил мерен пред и по спроведувањето на оваа студија.
Хипертензијата е честа по менопаузата, објаснуваат експертите, најверојатно поради промени во функцијата на хормоните и зголемувањето на телесната тежина.
Жените во студијата имале крвен притисок повисок од 130/85, но понизок од 160. По осум недели, на крајот од студијата, крвниот притисок кај повеќето жени бил понизок.
Експертите истакнуваат дека јагодите можат да помогнат во регулирање на крвниот притисок затоа што се богати со антиоксиданси – супстанција која ослободува ендотела, облози во внатрешноста на крвните садови.
Ослободувањето на ендотелот пак, ги шири артериите, намалувајќи го крвниот притисок.
Значи, ако имате проблем со хипертензија, навалете на јагоди!
Фото: Freepik