Ако барате нови освежителни рецепти ова лето, тогаш имаме нешто сосема ново за вас. Сигурно сè уште не сте размислувале да направите здрав летен коктел кој содржи состојки кои не само што ќе ве освежат, туку и ќе бидат добри за вашиот имунитет.
Состојки (за една чаша):
40 мл сок од морков
20 мл сок од лимон
1 лажица мед
80 мл пиво од ѓумбир
коцки мраз
Приготвување:
Во чаша, измешајте сок од морков, лимон и мед.
Додадете половина од пивото и добро промешајте.
Во чашата додадете коцки мраз и остатокот од пивото.
Украсете со свежи лисја од нане.
Фото: Unsplash