Освежителен колач со лимон

Овој едноставен десерт со сок од лимон и јогурт се прави многу брзо, но и брзо се јаде

0
159

Состојки:

4 јајца

100 г шеќер

100 г омекнат путер

прстофат сол

сок и кора од 1 лимон

200 мл јогурт

300 г брашно

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

прстофат сол

Приготвување:

Раздвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете го омекнатиот путер, јогуртот, сокот и кората од лимон, брашното со прашокот за пециво.

Изматете ги цврсто белките со прстофат сол, па потоа полека помешајте ги во смесата со жолчките.

Префрлете ја смесата во намрсена и набрашнета тепсија за печење и печете околу 20 минути на 180 степени.