Ореовка за будење и за лек

Ако сте го направиле на време, односно, некаде на крајот од мај или на почетокот на јуни, сега е вистинско време да го испробате вашиот ликер од ореви за кој нашите баби и дедовци велеа дека е поделотворен од многу лекови.

0
563

Има разни народни лекови за разни тегоби, па така и овој ликер од ореви народната медицина го препорачува за лекување анемија, но и како прва помош за стомачни проблеми и за забрзување на дигестијата.

Сега е вистинско време да го испробате вашиот ликер доколку сте го направиле на крајот од мај или на почетокот на јуни, кога беше време да си наберете млади зелени оревчиња, но уште подобро е ако имате уште од ланскиот.

Ореовката е исклучително богата со јод, па затоа е добар лек за болестите на тироидната жлезда. Пред послужување, протресете ја малку за да се подигне лековитиот талог. Уште повкусна е ако ѝ додадете и малку сок од лимон.

Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.

И денес за многумина претставува „прва помош3 за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на крвта.

Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6.

Штитната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во организмот, која управува со бројни витални процеси. Таа е регулатор на телесната температура, ја регулира работата на срцето, како и нервниот систем.

Нејзината правилна работа влијае врз целокупното здравје и изгледот на косата и кожата. За оние кои имаат проблем со правилното функционирање на штитната жлезда, се користи токму ликер од ореви како лек. Причина за ова е токму тоа што младите ореви се многу богат природен извор на јод, кој е многу важен за правилната работа на штитната жлезда.

За правилна работа на штитната жлезда доволно е секое утро на празен стомак да испиете по една ракиена чашка домашен ликер од ореовача.

Веќе споменавме дека таа се смета и за универзален природен лек за желудник. Најчестите симптоми за желудочни заболувања се болки во стомакот, подуеност, мачнина и повраќање.

Домашната ореовача е еден од природните лекови за желудник кој несомнено ги ублажува споменатите тегоби, а се користи и при желудочни инфекции предизвикани од бактерии како што е хелико бактеријата.

Делотворен е бидејќи директно ги напаѓа бактериите и позитивно делува врз цревната флора, го јакне стомакот, го олеснува варењето на храната, спречува појава на ждригавица и подуеност.

Сепак, треба да се има предвид дека таа е алкохолен пијалок па никако не смее да се претерува со консумирањето.