Оревите можат да спречат срцев удар: Јадете ги на правилен начин

Конзумирањето грст ореви дневно може значително да ја подобри работата на срцето и да спречи болести на овој орган, наведуваат најновите истражувања.

0
1188

Ако јадете ореви редовно, тие ќе го обноват срцето трајно и тоа без дополнителни лекови. Студиите покажаа дека нивото на холестерол значително ќе се намали, а крвта ќе се прочисти само четири часа по конзумирањето грст ореви.

Ако секојдневно јадете ореви подолг временски период, повеќе нема да имате проблеми со кој било вид кардиоваскуларни заболувања. Д-р Пени Крис Етертон, професор на Универзитетот во Пенсилванија, вели: „Конзумирањето на ореви 4 дена во неделата значително ќе го намали ризикот од срцев удар“.

Само три лажици ореви се во состојба да ја исчистат крвта од сите токсини и тоа само за 4 часа. Маслото од орев е многу корисно за ендотелијалните клетки. Овие клетки играат клучна улога во нашето тело затоа што ги сочинуваат крвните садови и имаат задача да го одржат основниот метаболизам во организмот.

Фото: Pixabey