Од семки од авокадо до биоразградливи сламки и прибор за јадење

Компанија од Мексико ги претвора семките од авокадо кои инаку се фрлаат во отпад, во биоразградливи сламки и прибор за јадење, евтини како и обичната пластика

0
185
Со влегување во сила на сите забрани за употреба на пластика за еднократна употреба низ целиот свет, се зголемува побарувачката за биоразградливи алтернативи.

Проблемот е што некои биоразградливи пластики сè уште се прават од фосилно гориво, а 80 проценти од биоразградливите „биопластики“ се направени од извори на храна, како што е пченката.

И … биоразградливата пластика обично чини околу 40 проценти повеќе од обичната пластика.

Мексиканскиот биохемиски инженер по име Скот Мунгуја излегол со решение.

Семки од авокадо.

Неговата компанија Biofase се наоѓа во срцето на авокадо индустријата во Мексико, каде што претвора 15 тони семки од авокадо на ден во биоразградливи сламки и прибор за јадење.
Семките, отфрлени од локалните компании кои го обработуваат овошјето, инаку би биле испратени во депонија. Не само што трошоците за нивното производство се минимални, туку помагаат да се намали земјоделскиот отпад.
Компанијата потоа е во состојба да ја пренесе таа заштеда и кај потрошувачот, задржувајќи ги цените еднакви со оние на  конвенционалната пластика.

Биопластиката од семки од авокадо не скусуваат од нашата храна и не бараат дополнително земјиште за нејзино производство.

И најдобро од сè, тоа е навистина биоразградливо за разлика од многу „биоразградливи“ пластики и целосно се распаѓање за само 240 дена, во споредба со конвенционалната пластика за која се проценува дека процесот на распаѓање трае 500 години и никогаш целосно не се биоразградува.

Ако се чува на ладно и суво место, може да трае до една година пред да започне да се распаѓа.

Мунгуа сфатил како да се извлече молекуларно соединение од семката за да се добие биополимер што може да се обликува во која било форма, пренесува Мексико Дејли њуз.

„Нашето семејство на биоразградливи семки може да биде обработено со сите конвенционални методи на обликување на пластика“, објавува компанијата.

 Фото: Pixabey