Корнишоните за зимница од кисели краставички, се посебна сорта краставици кои, барем така мислев, не растат големи. Се ставаат по десетина во една тегла и имате супер туршија.
Со оглед на резултатите од европското истражување кое сугерира дека стапката на смртност од коронавирусот веројатно ќе биде пониска во земјите кадешто исхраната е богата со ферментиран зеленчук, изгледа дека есенва треба сите да се потрудиме да си ставиме кисела туршија.
Една од поубавите работи кои ги јадеме во зима и кои речиси и нема кој не ги сака, се киселите краставички. Арно ама, за да ги ставиме во тегла, тие треба да се мали. Оваа џиновска, дефинитивно не е соодветна за киселење, ама е одлична за салата. Поточно, за неколку салати. Барем за две.