Од кога не сте јаделе компот од јаболка и сливи?

Се сеќавам дека порано баба ми го правеше многу често, а ние го сакавме и го јадевме. Но не знаевме дека е и лековит.

0
669

Компотот од јаболка сигурно ќе ви ги разбуди вашите спомени на детството, а исто така е и вкусен и закрепнува, дури и ако имате грип…

Компот од јаболка

Затоа, измијте, излупете и исечете на парчиња 500 грама јаболка и ставете ги во 500 мл зовриена вода. Додадете ванилин шеќер и стапче цимет и варете ги 10-15 минути. Кога малку ќе се олади додадете половина лимон исечен на тркалца за да се задржи витаминот Ц.

Баба ви тоа сигурно не го правела, но ако сакате можете по желба да додадете и малку бело вино или рум.

Како да ги зачувате витамините?

Од начинот на подготвување на компот зависи дали витамините ќе останат во овошјето или не.

Исчистеното, измиено и исечено овошје варете го во врела засладена вода за да не се распадне при готвењето. Во водата можете да додадете рендана или цела кора од лимон, цимет и слични зачини, во зависност од видот на овошјето и вкусот.

Ако правите компот од суво овошје, прво измијте го добро и натопете го во ладна вода еден ден претходно и варете го во истата вода следниот ден.

Компотите варете ги во емајлирани садови, а не во алуминиумски или бакарни, бидејќи овошните киселини создаваат соединенија со овие метали кои го менуваат вкусот и бојата на овошјето. На овој начин се уништуваат и витамините.

Фото: Unsplash