Неодамна го објавивме рецептот за тестото од кое може набрзина да се направат и солени и благи кифлички. Се разбира, мораше и да го испробаме и да го модифицираме. Останува дека е ова навистина рецепт кој се прави многу брзо.
За нашиов модифициран рецепт за ова тесто од кое можете да направите и солени и слатки кифлички, ќе ви требаат следниве состојки:
1 јајце
1 жолчка
300 мл топло млеко
1 сув квасец
1 лажичка мед
50 г растопен путер
600 г бело брашно
200 г пченкарно брашно
За полнење:
сирење со белка за солените и џем и оревчиња за благите кифлички
Приготвување:
Во еден сад ставете го брашното, квасецот и медот. Додадете го млекото и растопениот путер и замесете меко тесто.
Оставете го тестото да одмори и да нарасне 30 минути. Од тестото направете 5 топчиња и едно по едно расукувајте ги во мали кори, расечете ја секоја на 8 дела и во едните кифли ставете сирење, премачкајте ги со жолчка и поросете ги со сусам. Додека тие се печат, направете ги кифличките со мармалад по ваш избор и ставете по неколку сечкани оревчиња, завиткајте ги и премачкајте ги со жолчката.
Се печат по 20 минути.