Тестенините направени на овој начин ќе ги израдуваат сите и ќе ја красат масата. Ако е потребно за полесно да го замесите тестото, додадете повеќе вода или брашно.
Тесто од магдонос:
една рака свежи лисја од магдонос
5 лажици вода
2 лажици масло
125 г универзално брашно
малку сол
Приготвување:
Измешајте ги магдоносот, водата и масло. Соединете ги со миксер, па процедете, а добиениот сок истурете го во брашното и солта. Месете го тестото додека не се изедначи, па завиткајте го во фолија и оставете да отстои половина час.
Тесто од куркума:
1 лажица куркума во прав
2 лажици масло
5 лажици вода
125 г брашно
малку сол
Приготвување:
Измешајте ги куркумата, маслото и водата. Додадете ја добиената мешавина во брашното и солта, а потоа замесете мазно и тврдо тесто. Завиткајте во фолија и оставете да се одмори.
Тесто од цвекло:
1 мало или половина сварено цвекло
2 лажици масло
5 лажици вода
125 г брашно
малку сол
Приготвување:
Ова тесто се прави исто како и претходните. Измешајте ги цвеклото, маслото и водата со блендер, а потоа додадете ги во брашното и солта. Замесете мазно и тврдо тесто и завиткајте го во проѕирна фолија.
Тесто од доматна паста:
2 лажици масло
2 лажици доматно пире
4 лажици вода
малку сол
125 г брашно
Приготвување:
Добро измешајте ги водата, маслото и доматното пире и додадете ги во брашното и солта. Месете додека не добиете мазно и тврдо тесто. Ставете го тестото во проѕирна фолија да одмори 30 минути.
Тестото можете да го чувате во фрижидер еден или два дена завиткано во проѕирна фолија.
Фото: PRINTSCREEN/YT/NINIK BECKER