Најлесен начин да го претворите омиленото кафе во ладен напиток е да си направите коцки мраз од вашето омилено кафе.
Во лето често го менуваме класичното топло кафе за ледена варијанта, па ова изгледа како одлична идеја.
Состојки:
Кафе
Млеко
Приготвување:
Направете го омиленото кафе појако од вообичаеното, односно, со повеќе лажички кафе.
Оставете го да се излади.
Наполнете го калапот за правење мраз со оладеното кафе.
Оставете го минимум шест часа во замрзнувач.
Кога ќе посакате ставете си неколку коцки во чаша и прелијте ги со млеко.
Фото: Pixabey