Состојки:
1 јајце
2 банани
150 мл млеко
80 г шеќер
60 мл растително масло
сол
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
150 г брашно
оцет
Приготвување:
По дното на тавата посипете лажица шеќер, а над неа распоредете ги бананите исечени на тркалца. Во сад измешајте 1 јајце, прстофат сол, прстофат ванилин шеќер и измешајте.
Додадете млеко, промешајте повторно, а потоа додадете го и маслото. Измешајте ги брашното и прашокот за пециво и измешајте сè добро за да добиете мазна смеса. Одличен трик е оцетот, кој се додава за да се направи смесата повоздушеста.
Истурете ја смесата преку бананите во тавата и печете го покриено на тивок оган околу 30 минути. Тргнете го од оган, покријте ја тавата со чинија, а потоа „свртете го“ колачот такашто печената страна да дојде горе. Вратете ја на тавата и печете на тивок оган 3-4 минути без капак.
За подетални инструкции, погледнете го видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=EZkM0ifXI0A&feature=emb_logo
Извор: Јутјуб/CUISINE MAROCAINE