Одговорот на вечната дилема: Треба ли печурките да се мијат или не?

Реткoст е да се отвори пакет печурки и да се сфати дека се сите доволно чисти. Многу почесто тие се прекриени со слоеви нечистотија.

0
409

Иако на прв поглед ви се чини дека најлесниот начин е да ги потопите во вода или да ги измиете под млаз вода, печурките би можеле поради тоа да почнат да гнијат. Од друга страна, миењето го зголемува ризикот од развој на бактерии, пестициди или други патогени. Па кој е тогаш најефикасниот начин за чистење на печурките пред термичката обработка?

На тоа прашање одговорила готвачката и овластена нутриционистка Серена Пун.

Печурките се состојат од 85 до 95 проценти вода, вели Пун, па дури и најбрзото испирање може да го промени нивниот вкус и да ги направи како гумени. Кога апсорбираат премногу вода, печурките не можат да постигнат крцкава, ароматична текстура. Наместо тоа, тие ќе бидат натопени со вода и влажни, вели Пун.

Печурките се порозни, а течноста лесно се апсорбира, објаснува Пун, па често е подобро само да ги исушите или да ги избришете наместо да ги миете со вода. Иако различни сорти може да бараат различни методи на чистење, таа генерално препорачува да се придржуваме до оваа техника во три чекори:

  1. Проверете дали има мувла, дамки или нечистотија на печурките.
  2. Користете влажна хартиена крпа или мека четка за да ја отстраните нечистотијата или мувлата и да посветите посебно внимание на чистење на долната страна на габата, бидејќи бактериите и вирусите можат да се вовлечат тука.
  3. Откако темелно ќе ги исчистите, исушете ги печурките и чувајте ги во хартиена кеса. Имено, пластичните кеси создаваат кондензација, што може да доведе до тоа, печурките да станат слузави, пренесува Mind Body Green.

„Пред сѐ, комерцијалните печурки се одгледуваат во термички обработени компости кои се практично стерилни, што значи дека вообичаените патогени микроорганизми, како што се мувла, вируси, бактерии, бубачки и црви, веќе се отстранети“, вели Пун и додава дека понатаму приготвувањето на печурките на соодветна температура ги убива повеќето од преостанатите бактерии што се можеби сè уште тука“.

Фото: Pexels