Овошје за луѓе со дијабетес

Забрането овошје? Не ако го направите вистинскиот избор.

0
641

Топлото време носи изобилство на раскошни плодови. Но, ако имате дијабетес, се прашувате како овие природни деликатеси можат да се вклопат во вашиот план на исхрана. Клучот е да се придржувате до ограничувањата на порциите и да избегнувате овошни сокови, конзервирано и суво овошје. Задоволете ги вашите гурмански пориви и држете го шеќерот во крвта под контрола со следниве свежи или замрзнати плодови.

Зрнесто (шумско) овошје

Без разлика дали сакате боровинки, јагоди или малини, имате зелено светло. Бобинките се одлична храна за дијабетичарите, бидејќи се полни со антиоксиданти, витамини и растителни влакна. Три четвртини од чаша свежи боровинки имаат 62 калории и 16 грама јаглени хидрати. Пробајте диви бобинки со обичен јогурт со малку маснотии – вашиот идеален десерт.

Цреши

Црешите имаат низок гликемиски индекс и можат безбедно да бидат вклучени во вашиот план на исхрана за дијабетичари. Десетина цреши имаат 59 калории и 14 грама јаглехидрати. Неодамнешните студии откриле дека црешата содржи повеќе антиинфламаторни фактори од кое било друго овошје. Црешите се полни и со антиоксиданси, кои можат да помогнат во борбата против срцевите заболувања, ракот и другите заболувања. Црешите може да се купат свежи, конзервирани, замрзнати или сушени. Но, бидејќи конзервираното и сувото овошје содржи додаден шеќер, проверете ги етикетите на пакувањето.

Праски

Мирисна и сочна праска е вистинско задоволство за топлото време и може да се вклучи во исхраната за дијабетичари. Праските содржат витамини А и Ц, калиум и растителни влакна. Праските се вкусни сами или во комбинација кога сакате меѓуоброк. Направете смуди: измешајте праски со матеница (има мал процент на маснотии), додадете коцка мраз и малку цимет или ѓумбир.

Кајсии

Слатките кајсии се главно задоволство во раскошна чинија со летно овошје и прекрасен додаток на вашиот план на исхрана. Една кајсија има само 17 калории и 4 грама јаглехидрати. Четири свежи кајсии прават една порција и задоволуваат повеќе од 70% од дневната потреба за витамин А. Овие овошни дијаманти се исто така добар извор на влакна. Измешајте исечкани кајсии со топло или ладно млеко и житарки.

Јаболка

Јаболко на ден навистина може да го задржи лекарот подалеку од вас. Ставете едно во чантата ако сте во движење – мало јаболко е одличен избор, со само 54 калории и 14 грама јаглени хидрати. Јаболкото е исто така полно со растителни влакна и добар извор на витамин Ц. Не ги лупете јаболките, кората е полна со антиоксиданти. секако, ако не се прскани или ако се добро исчеткани.

Грејпфрут

Грејпфрутот е уште едно овошје што може да биде корисно за дијабетичарите. Грејпфрутот може да поттикне губење на тежината и да помогне во намалување на отпорноста на инсулин. Грејпфрутот исто така може да помогне во контролирање на лачењето на инсулин кога се консумира за време на оброк.

Круши

Крушите се фантастично овошје и мудар додаток на вашиот план на исхрана. Тие се добар извор на калиум и влакна. За разлика од повеќето овошја, тие добиваат вкус откако ќе бидат собрани. Чувајте ги на собна температура до зреење (тогаш можете да ги чувате во фрижидер). Совет повеќе: Исечете ја крушата и додадете ја во салата од спанаќ.

Киви

Киви е добар извор на калиум, влакна и витамин Ц. Едно големо киви има околу 56 калории и 13 грама јаглени хидрати, па затоа е паметен додаток на вашата диетална исхрана. Кивито е достапно цела година и ќе трае во фрижидер до три недели.

Лошо овошје за дијабетичари

Овошјето со големи количини шеќер (гликоза и сахароза) има висок гликемиски индекс и треба да се јаде само во мали количини затоа што може да предизвика брз и висок скок на гликозата во крвта. Повеќето дијабетичари сè уште можат да уживаат во мали количини на ова овошје.

Овошје со висок гликемиски индекс:

банани,
дињи,
урми,
грозје,
лубеница,
ананас и
портокали.

Урмите особено треба да се јадат во умерени количини, бидејќи имаат исклучително висока содржина на шеќер (55 гр во пола чаша урми). Урмите ќе создадат значителен гликемиски одговор, дури и во мали количини.

Овошните сокови имаат многу малку влакна и висок процент на шеќер. Многу производители на овошни сокови додаваат дополнителен шеќер во своите овошни сокови до тој степен што некои овошни сокови имаат поголема концентрација на шеќер од газираните пијалоци.

Сувото и конзервираното овошје, исто така, има висока концентрација на шеќер и треба да се избегнува целосно.

Фото: Pixabay